ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полициските билтени за апсење на лица кои користат и продаваат дрога, секојдневно растат

Полициските билтени за апсење на лица кои користат и продаваат дрога, секојдневно растат

Употребата и продажбата на канабис и други наркотици стана секојдневна појава во полициските извештаи за апсење. Од многуте случаи во преполниот полициски билтен за апсење на корисници и продавачи на канабис и продавачи на други наркотици, ова се само неколку случаи што ги избравме;
“На 25.01.2025 година во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Интервентната полициска единица при СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје, откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана” велат од МВР.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип го лишиле од слобода А.Ј од Кочани бидејќи му била пронајдена и одземена марихуана.
На 25.01.2025 година во 21:40 часот во Скопје, во општина Аеродром, од страна на полициската интервентна единица на СВР Скопје, од слобода бил лишен Ф.И. од Скопје бидејќи била пронајдена и одземена марихуана.
Во полицискиот билтен само викендов има над десетина вакви случаи каде дилери на дрога биле уапсени. Бројни се и случаите кога полицијата уапсила постари лица осомничени дека продавале кокаин или други супстанци. Еден таков случај е 65-годишен маж кој сред бел ден бил лишен од слобода поради продажба на дрога.
„На 25.01.2025 година во 14,00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, од страна на полициската интервентна единица при СВР Скопје, од слобода бил лишен Р.Л. 65 години бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против ова лице ќе биде изречена соодветна мерка„, велат од МВР.
Освен марихуана и кокаин или други прашкасти материи, полицијата во многу случаи апсела и лица за носење оружје без дозвола.
„На 25.01.2025 година од 10.45 до 11.15 часот, по судска наредба, полициски службеници во Тетово извршиле увид во куќата на С.С.(46) од Дреновец. При претресот пронајден и одземен е пиштол „Црвена застава“ и 263 чаури калибар 9 милиметри„, велат од МВР.
За недозволено поседување оружје минималната казна според законот е пет години затвор, додека за продажба, производство и тргување со наркотици таа започнува од три до 10 години затвор. Од Министерството за внатрешни работи велат дека интензивно се работи на брорбата со криминалот./Алсат.мк
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button