ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Полог, граѓаните малку и веруваат на полицијата

Половина од жителите на Полог речиси и да немаат доверба во градската полиција. Тие бараат поголема безбедност и поголема посветеност за да се спречи хаосот и големиот број кражби.

„Воопшто немаме доверба, гледате сами како е, не преземаат мерки. На сред пат се паркираат, ниту еден полицаец никогаш не доаѓа да реагира. Полицијата само треба да ја заврши работата што ѝ припаѓа по закон, ништо друго, жител

„Треба да биде потранспарентно, повеќе да биде на улиците, да има повеќе ред и контроли бидејќи има многу движења во градот но и ние сме неодговорни како граѓани. Отсекогаш било вака, гледам кога полиција некого застанува, крева телефон, вика некого, но ако продолжи вака, нема да биде за арно, политиката секогаш има влијание овде и за жал ќе има“, жител

„Сега имам доверба донекаде. Во моментов има безбедност, но до одреден степен, но за безбедноста на граѓаните е потребна се поголема посветеност, особено на сообраќајот и јавниот ред“, жител

Според истражувањето на Евротинк, околу 50 отсто од испитаниците во Полог сметаат дека полицијата е под канџите на политиката и бизнис круговите.

Од тетовската полиција потенцираат дека работат согласно Законот, притоа апелирајќи до граѓаните да ги осудат евентуалните пропусти.

„Ги известувам граѓаните кои имаат вакво мислење дека за какви било пропусти или информации во врска со овие прашања да ги пријават бидејќи полицијата има внатрешна контрола презема соодветни мерки за сите прекршоци што се случиле на терен“, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button