МАКЕДОНИЈА
Половина милион евра за Арачиново, за реконструкција на патишта

За реконструкција на патна инфраструктура општините ќе добијат 70 милиони евра. Парите се неповратни бидејќи се донација од Светска банка за развој на локалните самоуправи. Но, за да се добијат средства општините ќе мора до Министерството за транспорт и врски да достават проекти за што конкретно ќе ги трошат парите.
Право за аплицирање имаат 80 општини а сумата која ќе ја добие една локална самоуправа е според брпојот на жители во тоа место. Конкретно, за Арачиново, која меѓу другото е познато како општина каде не се плаќа данок на имот, ќе се префрлат 500 илјади евра за реконструкција на патишта.