МАКЕДОНИЈА

Половина од законите во Собранието лани носени по скратена постапка

Дури 105 од 314 предлог-закони доставени во Собранието минатата година не биле предмет на антикорупциска проверка, анализира невладиниот сектор. Овој тренд продолжил и годинава, а експертите сметаат дека ова се случува бидејќи пратениците злоупотребуваат одредени механизми за да донесат закони во своја корист и притоа истите да не се проверуваат.

Advertisements

„Собранието во континуитет го користи механизмот на скратена постапка за да носи закони, кој што може да се толкува дека се по терк на одредена политичка гарнитура односно политички апетити. Оттука не треба да не зачуди констатацијата на граѓаните, односно нивната перцепција согласно извештајот за проценка на корупција од 2023 година, каде што  речиси за 80 проценти од граѓаните, пратениците се едни од најкорумпираните професии во државата“, рече Снежана Камиловска Трповска од македонски центар за меѓународна соработка.

Дури и антикорупционерите имаат утврдено корумпираност кај самите пратеници – таков беше случајот лани со пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевски, но таа продолжи со работи. Експертите сметаат дека кога ќе се појави ваков случај најважен е колегијалниот притисок.

„Во случаите кога ќе се појави проблем кај пратениците, колегијалниот притисок е оној којшто е најефективниот, бидејќи тие како колеги можат да кажат и треба да бидат гласни во тоа дека не постои место во Собранието за пратеници кои се вклучени во корупција“, рече Миша Поповиќ, Институт за Демократија.

Анализата на повеќе невладини организации утврдила дека во јануари годинава од 14 предложени закони во Собранието сите 14 поминале по скратена постапка, во февруари од 15 предложени 14 биле по скратена постапка додека во март од 24 закони 22 од нив се гласале по скратена постапка. Заклучокот и препораките од невладиниот сектор до пратениците се дека поголемиот дел од законите сепак треба да се носат по редовна постапка, бидејќи на тој начин се подложни на повеќе проверки и шансите за корупција и судир на интереси се помали.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button