
Полска во понеделник воведе привремени контроли на границите со Германија и Литванија во обид да го спречи растечкиот број нелегални мигранти кои ја преминуваат полската граница од север и запад.
Холандија, Белгија и Германија веќе спроведоа слични мерки, што ја одразува растечката загриженост на јавноста во ЕУ за миграциските текови во рамките на Шенген зоната, објави Ројтерс.
Дебатата за миграцијата во Полска станува сè пожестока во последните недели, при што крајнодесничарските активисти организираат таканаречени граѓански патроли на западната граница на Полска.