ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Полупразни клиники за првомајските празници

Полупразни клиники за првомајските празници

Додека институциите ги затворија своите врати поради 1-ви мај и многу граѓани го користат денот за одмор и забава, некои лекари се принудени да работат. Сепак, во овој неработен ден се ангажирани само дежурните лекари. Деан Здравковски, доктор во Ургентниот центар, изјави дека денес нема зголемен прилив на пациенти. Тој, исто така, апелираше до граѓаните на зголемена претпазливост.

Advertisements

Пациентите кои денес побарале медицинска помош најчесто се пожалиле на телесни повреди.

Здравкоски рече дека во текот на вечерните часови и следниот ден очекуваат поголем број пациенти кои ќе побараат медицинска помош. Дури и во дворовите на клиниките беше забележан многу мал број граѓани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button