Помалку пари за судството и обвинителството

Без поголем буџет нема да има ефикасна правда. Ова беше пораката што правосудните институции и ја пренесоа на Владата, бидејќи за следната година, како што рекоа, се издвоени многу помалку средства отколку што им се потребни за нормално работење, за нови работни места и за инвестиции во овој сектор.
Судството требаше да дојде до законска определба од 0,52% од Бруто домашниот производ, додека беа проектирани само 0,3%.
И Обвинителството добива половина од предвидените средства со закон. Од 0,4% ќе добие само 0,2% од државниот буџет.
За Народниот правобранител се планирани помалку средства од договорот со владата. Од таму се сеќаваат и на критиките на Европската комисија за нивниот буџет.
Расправата за буџетот ќе продолжи и во текот на следните денови, додека овие институции ги повикаа пратениците да ја променат ставката во буџетот за правосудниот сектор.
Фатлуме Дервиши