ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Помина времето кога поранешната власт коленичеше во Мала Речица

Помина времето кога поранешната власт коленичеше во Мала Речица

Помина времето кога поранешната власт коленичеше во Мала Речица, кога се приведуваше, а потоа преку ноќ истите луѓе се пуштаа на слобода, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање во врска со обвинувањата на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој обвини дека високи претставници од ВМРО-ДПМНЕ секој втор ден се наоѓаат во седиштето на ДУИ. Мицкоски иако директно не одговори дали неговата партија има координација со ДУИ, сепак рече дека таквите времиња се одамна поразени.

Advertisements

„Спасовски рече дека секој втор ден висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во посета на Мала Речица. Дали ова значи дека имате координација со партијата на ДУИ и за што се разговарало?) – Колку висок метро и деведесет или понизок од метро и деведесет? Нека дефинираат што подразбира зборот висок. Видете, не знае човек како да ги коментира изјавите на Спасовски, но ајде еве ќе дадам одговор, бидејќи мораме да дадеме одговор нели, сепак човекот е координатор на пратеничката група на СДСМ во парламентот. Јас разбирам дека понекогаш Фројд работи кај луѓето и потсвеста се проектира кон другите, но ако тој мисли дека оние моменти кога раководството на СДСМ коленичеше во Речица, кога молчеше, кога минситрите од Речица си играа фудбалчиња, баскетчиња во канцеларии, кога ги понижуваа граѓаните без разлика на етничката припадност, кога тој приведуваше, а преку вечер истите тие што ги приведуваше мораше да ги ослободи затоа што некој од Речица му наредуваше дека се уште важи, се лаже, такви времиња се одамна минати и таквите политики се одамна поразени“, рече Христијан Мицкоски, премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button