МЕТРОПОЛ

Помпеја воведува дневно ограничување на бројот на туристи на 20.000

Од 15 ноември, археолошкиот локалитет Помпеја ќе го ограничи бројот на посетители на 20.000 дневно, како одговор на зголемениот интерес, пренесе Би-би-си. Директорот Габриел Зутригел истакна дека оваа мерка е од суштинско значење за зачувување и заштита на локалитетот.

Advertisements

Ова ограничување најмногу ќе влијае на деновите со бесплатен влез, кога бројот на посетители надминува 20.000, обично во првата недела од месецот. Така, во првата недела од октомври биле регистрирани рекордни 36.000 посетители, додека во текот на целиот октомври, Помпеја ја посетиле над 480.000 лица, просечно околу 15.000 дневно. Најголемата посетеност во 2024 година е забележана во мај, со 517.000 посетители.

Во 2023 година, Помпеја ја посетиле речиси четири милиони луѓе – што е зголемување од една третина во споредба со претходната година. Овој антички римски град, закопан под вулканска лава во ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера, важи за еден од најдобро зачуваните археолошки локалитети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button