СВЕТ

Помпео: Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговорите

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на Твитер изјави дека за време на одделните состаноци со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, Зохраб Мнацаканиан и eyејхун Бајрамов, разговарал за клучните чекори за ставање крај на насилството во конфликтот во Нагорно Карабах.

„Двете страни мора да го спроведат договорот за прекин на огнот и да се вратат на суштинските преговори“, рече Помпео.

Стејт департментот објави дека Помпео им укажал на обете страни на важноста од влегување во преговори.

Запрашан како одеа преговорите, министерот за надворешни работи на Ерменија пред новинарите изјавил дека тие поминале „многу добро“ и рече дека работата на примирјето ќе продолжи.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи пак, на Твитер напиша дека го информирал Помпео за „деструктивната политика на Ерменија, вклучително и гранатирањето на азербејџански градови и цивили, распоредување платеници и терористи“.

„Разменивме и мислења за билатералните односи“, рече азербејџанскиот министер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button