ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попис – Дали дијаспората ќе биде основа за креирање локални политики?

Дилемите дали пописот е статистички или политички процес се уште не се решени. Политичарите кои го усвоија Законот за попис и се согласија да го спроведат процесот, имаат различни ставови на оваа тема. Податоците од пописот ќе бидат поделени во три главни категории и тоа, резидентно население, нерезидентно население и општо население, што е збир од првите две категории. Меѓутоа, на кои податоци ќе се заснова креирањето на идните економски и социјални политики, но и други карактеристики како што е онаа за правична и етничка застапеност, се уште има дилеми. Од ДУИ велат дека податоците од пописот на дијаспората, заедно со оние на резидентното население, ќе бидат база на податоци за меѓуетнички одлуки.

„Уставот го дефинира корпусот на етничките права, можноста за изразување и карактеристиките на културните и етничките својства, на етничките заедници, врз основа на вкупниот број на население. Ова значи дека и економските политики и политиките за регионален развој ќе се базираат на општата популација. Се разбира, ќе има политики кои од практични причини ќе се засноваат на бројот на резидентното население поради практичноста на донесување одлуки, дали треба една или две паралелки, ќе зависи од тоа колку деца ќе има во тие училници“, рече Бујар Османи, ДУИ.

Овој став не е во иста линија со тој на премиерот Зоран Заев, кој пред неколку месеци изјави дека податоците за резидентното население се податоци на кои ќе се базираат институциите.

Не е јасно дали премиерот зборуваше само за локални развојни политики, или и за државните. Заев во ТВ дебата на „Канал 5“, заедно со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, дебатираа и за овој дел.

ВМРО ДПМНЕ побара владата да не го признае процесот на дијаспората како попис, туку само како евиденција. Ова власта не го прифати. Но, ако податоците од дијаспората не се земат во предвид при креирање на домашните политики, тогаш во јавноста останува нејасно каде лежи разликата помеѓу терминот попис и евиденција.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button