ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попис, дилеми по изјавата на Симовски

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, не ги коментира реакциите на Алијанса на Албанците и Алтернатива кои уследија по презентирањето на методологијата за попис. Во комуникација со директорот, тој рече дека за ова прашање ќе се консултира и ќе го објасни во наредните денови. Во презентацијата на Методологијата, Симовски изјави дека при попис на печалбарите од страна на членовите на нивното семејство, или кое било лице што не е дома за време на пописот, нема да можат да се пополнат податоците за етничката припадност, религијата и јазикот, опишувајќи ги како исклучително лични. Од друга страна, заменик директорот на Заводот за статистика, Илми Селами рече дека изјавата на директорот Апостолски е целосно неоснована.

Advertisements

Тоа е негов збор и причините сам нега ги наведе. Значи законот не направил никакви исклучоци, законот јасно предвидува дека доколку лицата кои се во странство не можат да се регистрираат сами по електронски пат, тоа може да го стори некој роднина што ги знае податоците за нив и ги дава сите податоци поврзани со прашалникот – изјави Илми Селами, заменик директор на Заводот за статистика.

Членот 8 и членот 10 од Законот за Попис на населението јасно наведуваат дека горенаведените податоци треба да бидат пополнети. Од друга страна, од Алијанса и Алтернатива велат дека станува збор за обиди за фалсификување на пописот. Пратеникот Скендер Реџепи од АА-Алтернатива рече дека нема да дозволат неисполнување на податоците за етничката припадност, вера и јазик.

Значи, ова се две многу важни точки, составен дел од методологијата, со која ние преку политички притисок, но и во дипломатски кругови ќе разговараме за промена на овие, или на крајот ќе им предложиме на партиските тела, како коалиција зборувам, да бараат бојкот на пописот за да не дозволиме тој да биде фалсификуван, и да им се наштети во овој случај, особено на Албанците – рече Скендер Реџепи, AА-Aлтернатива.

И од ДУИ велат дека изјавата на директорот на Заводот за статистика е апсурдна.

Такво нешто не стои ниту во законот или во методологијата и апсурдно е да се размислува а камоли да се примени. За пописот треба помалку политика и повеќе професионална работа. Затоа, инсистираме пописот да се изврши без предрасуди, без партиски, етнички и политички агенди, бидејќи само таквиот процес ќе има доверба од целото општество – рече Арбер Адеми- ДУИ.

Теренскиот попис на населението ќе се одржи од 1 до 21 април. Електронскиот попис на дијаспората започнува на 1 март и ќе трае до 21 април.

Мефаил Исмаили

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button