Попис, иселеници Албанци се жалат на проблеми со преводот и регистрацијата на имотот

Проблемите со онлајн пописот не се решени и две недели по почетокот на процесот за дијаспората. Од некои од здруженијата на печалбари негодуваат за одредени точки во образецот за кои наидуваат на потешкотии при пополнувањето со личните податоци. Покрај немањето превод на албански јазик во графата за мајчин јазик, националност, верска припадност и поврзаност со платформата, друг проблем според Здружението „Илирија“ во Шфајнфурт – Германија е и регистрацијата на имотот што го поседуваат во земјава.
Обрасците што ги поседуваме никаде не споменуваат имот и би апелирал бидејќи имаше многу поплаки од сонародници кои се збунети и не знаат како да ги запишат своите имоти во Македонија. Колку ќе биде ефикасен пописот од роднина таму и колку точни ќе бидат податоците за домаќинствата што ги поседуваме кои ќе бидат регистрирани од негово име – изјави Севдали Ќаили, Здружение на дијаспора “Илирија” Германија.
Од Заводот за статистика велат дека нерезидентните граѓани кои живеат во странство нема да добиваат податоци за нивните имоти во С. Македонија. Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, немањето на превод на албански во некои класификации го оправдува со немањето човечки капацитети.
Во првите две недели се попишаа околу 50 илјади граѓани од дијаспората. Онлајн процесот ќе продолжи до 21 април, а од први тој месец треба да почне и пописот во земјава.
Аднан Ќаили