ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попишани над половина милион граѓани од почетокот на статистичката операција пред 10 дена

Попишани се повеќе од половина милион граѓани од 5 до 13 септември. Досега се регистрирани највеќе граѓани во Куманово, Битола и Прилеп.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека се надминати сите технички проблеми што го попречуваа процесот четири дена по ред. Симовски рече дека статистичката операција напредува со брзо темпо.

Симовски најави дека многу мал е бројот на граѓани кои одбиваат да се попишат. Тој објасни дека домаќинствата кои одбиваат да се регистрираат, неколкупати ги посетуваат попишувачите.

Пописот на резидентното населението и на домаќинствата започна на 5 септември и ќе заврши на 30 овој месец. Во тек е и пописот на дијаспората, кој започна на 1 март, а исто така ќе трае до 30 септември. Во моментов, околу 193 илјади иселеници се регистрирани во онлајн апликацијата на Статистика.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button