ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пописот покажа намалување на населението за повеќе од 9% од 2002 година

Пописот покажа намалување на населението за повеќе од 9% од 2002 година

Податоците на Државниот завод за статистика за пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021 година покажуваат движења на демографските карактеристики во одредени аспекти. Вкупниот број на населението е 2 милиони 97 илјади 319. Бројот на резидентно население е 1 милион 836 илјади 713, а бројот на самопопишани лица од дијаспората е 260.606.

Попис 2021
Вкупно население 2.097.319
Број на резидентно население 1.836.713
Нерезидентно население 260.606

Меѓу нив, 132.260 е бројот на лица кои статистика ги има регистрирано врз основа на административни податоци од институции без податоци од теренскиот попис. Во вкупното население Македонците се 54,21%, Албанците 29,52%, а другите заедници се во помал процент. Во бројот на резидентно население Македонците се 58,44%, Албанците 24,3%.

Вкупен број на население 2.097.319 Број на резидентно население 1.836.713

54,21% Македонци 58,44% Македонци
29,52% Албанци 24,3% Албанци
3,98% Турци 3,86% Турци
2,34% Роми 2,53% Роми
1,18% Срби 1,3% Срби
0,87% Бошњаци 0,87% Бошњаци
0,44% Власи 0,47% Власи

Од вкупното население, Бугари се изјасниле 3.504 лица.
Од 258.932 саморегистрирани во дијаспората, 24,55% биле Македонци, 66,42% Албанци и 4,78% Турци

Од резидентното население, 46,14% се православни, 32,17% муслимани и 0,37% католици.

Од резидентното население, 50,4% се жени и 49,6% мажи. Ова значи дека има 984 мажи на 1.000 жени.
Население по пол
50,4% жени
49,6% мажи
984,3 мажи – на 1.000 жени

Просечната возраст на населението е 40 години. 51 лице низ државата се на возраст над 100 години.

Просечната густина на населеност е 72,2 лица на квадратен километар. А Заводот за статистика констатира дека 207 населени места останале празни.

Бројот на домаќинства во земјава е 598.632, а просечниот број на членови по домаќинство е 3,06%. Бројот на живеалишта е 839.174.

Во споредба со претходниот попис од 2002 година, вкупното население е намалено за 185.834 лица помалку или 9,2%. Бројот на домаќинства е зголемен за 6,1%, а бројот на станови е зголемен за 20,2%.

Во споредба со 2002
Бројот на население е намалено за 185.834 лица или 9,2%
Бројот на домаќинства е зголемен за 6,1%
Бројот на станови е зголемен за 20,2%
Според територијалната поделба на општините, најмалку жители има општина Зрновци, 2.086 жители, а општина Куманово има најмногу, односно 98.104.
Државниот завод за статистика смета дека процесот е успешен. Директорот Апостол Симовски не ги коментира реакциите за резултатите.

Според заменик директорот и „онлајн“ пописот била успешен и покрај напорите да се спречи.

„Жал ни е што не успеаја сите ја искористат ова прилика да се саморегистрираат, да станат видлив дел од населението во Република Северна Македонија да се бројат, затоа што се вели дека ако не си избројан не си дел од бројот“, изјави Илми Селами, заменик директор на државниот завод за статистика.

Заводот за статистика ќе продолжи со обработка и објавување на други податоци поврзани со минатогодишниот попис, континуирано до крајот на годинава.

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button