ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60 км/ч) и појава на град.

Advertisements

Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во Скопје умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.  Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Демир Капија – 38 литри на метар квадратен, а најмалку  во Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица, каде наврнал 1 литар на метар квадратен.

Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата, и оти поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button