МАКЕДОНИЈА

Попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.

Како што соопшти УХМР, под влијание на влажен бран в петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 литри на метар квадратен) и значителен пад на температурата.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер.

В недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.

Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 21 степен, а максималната од 21 до 32 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button