ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попладнево се протестираше против предлог-реформите во образованието

Во 20 градови низ земјава попладнево се одржаа протести против најавените промени во образованието. Според организаторите од Граѓанското движење „Учебници и настава мора да има“, сите законски средства ќе бидат искористени за да се запре усвојувањето на нацрт-законот за учебници, кој, меѓу другото, предвидува и нивна дигитализација. Од иницијативата велат дека дигитализацијата може да биде дополнителна алатка во образованието, но во никој случај не смее сосема да ги замени книгите. Освен тоа, се бара и да нема спојување на повеќе предмети во еден и да се создадат соодветни услови за децата со попречености.

Advertisements

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button