ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поплавени подруми, оштетени автомобили, паднати дрвја – последици од невремето во Скопје и Тетово

Поплавени куќи и подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили, поплавени подвозници и улици се најчестите пријави што Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги добил во текот на вчерашниот ден како последица на невремето што ги зафати Скопје и Тетово.

На повеќе локации во Скопје се пријавени паднати дрвја, дел од нив и врз автомобили и кровови на куќи. До ЦУК вчера стигнала пријава и за паднато дрво на кровот на градинката „Мимоза“ во Автокоманда.

Дел од пријавите во Скопје, како последица на невремето, се и паднати гранки врз жици на далекувод, искрење на жици од бандера, паднати дрвја врз кабли на ЕВН и трансформатор, оштетен соларен систем, оштетено електрично броило. Синоќа во ЦУК е пријавен и прекин на електрична енергија на локација во скопски Хиподром.

Голем број пријави за предизвикани штети од невремето има и во Тетово. Пријавени се поплавени подруми, паднати дрвја, оштетени возила. Во ЦУК е пријавен и случај на повредена жена чија куќа во Тетовско се поплавила.

„Слегувајќи по скалите во подрумот, сопственичката се лизнала по скалите и се здобила со полесни повреди на главата и крварење на истата. Од наша страна е пријавено на Брза Помош кои интервенираа и на повредената и е укажана медицинска помош“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Поради невремето, голем дел од Тетово како и околните населени места останале без електрична енергија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button