Поплави на повеќе места низ земјава, блокиран патот Градско – Прилеп
Поплави на повеќе места низ земјава, блокиран патот Градско - Прилеп

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека поради обилни врнежи до дожд на повеќе локации низ земјава се излеани повеќе реки и затворени некои патни делници.
Од 7 часот сообраќајот на патот Градско-Прилеп е во целосен прекин кај село Раец.
Во Општина Старо Нагоричане надојдена е и реката Пчиња кај Пелинце. Центарот за управување со кризи предупредува да не се поминува по мостот кај село Пчиња, бидејќи е со слаба конструкција. Поради зголеменото ниво на водите во Крива Река кои ќе дојдат и до реката Пчиња, постои опасност од негово уривање.
Поплави имаше повторно и во Кавадарци. Крива Река и Киселичка Река синоќа се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови. Општина Крива Паланка денеска почна со санирање на штетите.
На североистокот на земјава отсечено е селото Т‘лминци со 20 жители, од надојдената река преку мостот. Надојдени се водите на Куков Дол. Кај место викано „Над Базен“ има излевање на водата на Крива Река. На патниот правец Крива Паланка – село Луке сообраќајот е целосно во прекин во двата правци поради свлечиште.
Од Авто-мото сојузот на Македонија алармираат дека е можна појава на одрони низ котлините, речните долини и клисурите, пред сè на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. /Alsat.mk