Попова Шапка денеска полна, но помалку гужва за враќање

Туристи кои доаѓаат од сите градови на земјава денеска уживаа на убавото време тука на Попова Шапка скијајќи и забавувајќи се со своите семејства. Имаше туристи и од соседните земји, Косово и Албанија.
Сепак, целото задоволство завршува во 15 часот кога се затвораат ски-лифтовите и кога почнува нервозата кај туристите поради метежот и големите чекања за враќање назад.
Посетителите бараат од институциите да се ангажираат и да најдат решение за паркингот, но и инвестиции и поголема грижа за ова туристичко место.
“Колку што гледаме паркингот е најголем проблем. Треба повеќе да пешачиме, така што целиот проблем е паркирањето”,
“Кога си одиме во 8 часот навечер е добро, но на пладне сè е блокирано”,
Сè е запоставено. Практично, колку што паметам 35 години овде речиси ништо не е изградено. Нема паркинзи. Минатата недела коли имаше речиси до Лисец. Од Лисец луѓе пеш патуваат до овде.
“Кога има гужви, има и нервоза. Паркирањето е голем проблем”, вели еден поситител
Директорот на ЕЛЕМ ТУРС за Алсат вели дека најголемата причина за колоните најчесто е човечкиот фактор, зашто многумина се паркирале каде ќе стигнат.
„Станува збор за човечки фактор, не дека патот не е прооден или сообраќајот не е регулиран. Сè е подготвено во соработка и во координација со сите потребни структури, но овде факторот човек знае понекогаш да направи ваква гужва”, вели Адем Авзиу директор на ЕЛЕМ Турс.
Секој викенд посетителите се жалат дека на враќање од Попова Шапка мора да чекаат со часови во колона за да стигнат до Тетово. Капацитетот на паркинзите е мал, па возилата се паркираат од двете страни на улицата.
Башким Сулејмани