ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попова Шапка добива нов газда, се затвора „ЕЛЕМ Турс“, вработените во тесно

Затворањето на ЕЛЕМ Турс и подготовките за формирање на нова компанија и иден концесионер на туристичкото место Попова Шапка, предизвика револт кај вработените. Околу 30 работници се жалат дека со затворањето на ЕЛЕМ Турс ќе бидат принудени да го напуштат работното место каде работат со решенија повеќе од три децении и повторно да аплицираат за работно место во новото претпријатие со тримесечни договори.

Advertisements

„Раководителот на фирмата побара од нас да се повлечеме од работните места со трајни решенија за работа и да ни се дадат договори на три месеци. Не се согласуваме со оваа одлука, бидејќи сметаме дека е неправедна и голем број работници, над 25 остануваат на улица. Иимам колеги кои имаат повеќе од 40 години стаж. Ќе продолжиме да протестираме додека не ја постигнеме нашата цел“, велат работниците.

Алсат го контактираше раководството на ЕЛЕМ Турс. Оттаму ни рекоа дека на вработените ќе им бидат обезбедени работни решенија на неопределено, но по завршувањето на договорите во декември оваа година.

„Ова се должи на отворањето на нови претпријатија, со цел новите претпријатија да бидат без долгови, како што бара странскиот инвеститор. Вработените мораа да конкурираат и да бидат примени со уште повисоки плати, но некои од нив не го сторија тоа. Не е точно дека овие вработени ќе останат со договори. Тие ќе бидат со решенија на неопределено време по истекот на договорите, на ист начин како што беше спроведена постапката со новото претпријатие кое беше формирано за Молика, Битола“, наведуваат од „ЕЛЕМ Турс“.

Од владини извори дознаваме дека италијанската компанија која е заинтересирана да ја купи Попова Шапка, го усогласила договорот со владината Комисија за стратешки инвестиции. Се очекува наскоро да се состане за финализирање на договорот. Едно од барањата на фирмата било преземање на Попова Шапка со ново претпријатие кое ќе биде ослободено од долговите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button