Попова Шапка и оваа зимска сезона со старите проблеми

Пред една година, туристите кои дојдоа да ја посетат Попова Шапка, по патот формираа колони од еден, два до три километри за паркирање на нивните автомобили, поради недостаток на паркинг во туристичката зона. Веројатно и оваа година оваа состојба ќе биде иста, бидејќи ниту владата ниту општината не инвестираа во решавање на овој проблем.
Ова не е единствениот проблем за оваа туристичка зона, која е целосно запоставена. Сопствениците на хотелите во Попова Шапка, велат дека институциите не ја регулирале внатрешната патна инфраструктура, канализацијата или населбата на вилите. Дури и неколкуте поправки на патот што се направени, се претежно приватни инвестиции на сопствениците на хотелите.
„Оваа година, како што гледам, ќе имаме потешкотии од сите страни. Прво е пандемијата, второ е проблемот со паркирањето кој се повторува секоја година и третo, туристичкиот центар, како што гледаме има многу проблеми и верувам дека ништо нема да се сработи. Причини има многу, а одговори нема. Самите го проширивме патот, го дислоциравме каналот околу четири метри, и ја направивме првата фаза и чекаме асфалтирање, но оваа година сигурно нема да можеме да го направиме асфалтирањето“, вели Ашим Асани, сопственик на хотел.
Жаре Неделковси, друг сопственик на хотел, за Алсат вели дека често има состаноци со раководните лица на ЕЛЕМ, но сè останува само во ветувања.
Екипата на ТВ Алсат, исто така се обиде да добие изјава од директорот на „Попова Шапка“, Живе Алексоски, за да открие дали е направена вообичаена контрола на ски-лифтовите, и дали ќе работи жичарата со шестоседот оваа година, но од таму, молк.
Башким Сулејмани