ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Попова Шапка со многу проблеми и оваа туристичка сезона

Попова Шапка со многу проблеми и оваа туристичка сезона

Попова шапка ја започнува туристичката сезона со многу проблеми и пречки. Директорот на „Попова шапка“ вели дека го прават невозможното за да ги активираат ски-лифтовите, иако ниту еден од нив извршено проверка од Машинскиот факултет, а многу биле и деловите кои требало да се заменат. Хотелските капацитети засега не се отворени, а од наредниот месец може да се пушти во употреба само хотелот Славија.

Advertisements

Како ново раководство, се соочивме со многу проблеми, и технички и материјално, и многу други. Како што е обработката на ски-лифтовите, но и нивната техничка прифатеност. Ниеден лифт немаше контрола за подготвеноста за работата, но во овој период работевме сите и ги елиминиравме овие проблеми. Го имавме и дефектот на лифтот со шест седишта кој денес е отстранет и е вратен во работна состојба и веќе се проверуваат и другите ски-лифтови, а наскоро врз основа на атмосферските услови ќе го направиме пуштањето во употреба на центарот“, рече Гани Алији Директор на „Попова шапка“.

И како овие проблеми да не се доволни, намерно беа оштетени шест седишта, имено беше украден компресор со шест седишта што го активира. Од една страна, се прават истраги за тоа кој го направил ова, додека од друга страна, управата на „Попова шапка“ најде нов компресор и го инсталираше со цел сезоната да започне навреме ако имаме врнежи од снег и температури во минус“.

Дојдовме во ноември како ново раководство, колку беше украдено или одземено, констатиравме недостаток на компресор кај првиот лифт со шест седишта. Можеби е направено дури и за време на летниот период што треба да се види од каде дошле“, изјави Гани Алији Директор на „Попова шапка“.

Побаравме и став од инспекторатот кој се грижи за мониторинг на ски-лифтовите, кои пред неколку дена извршија контроли по интервенциите направени од страна на работниците на „Попова шапка“.

„Ски-лифтовите се проверени од страна на инспекциските тела и имаат добиено позитивен сертификат. Покрај Државниот инспекторат за енергетика, ски-лифтовите ги контролира и Министерството за транспорт“, велат од Државен инспекторат за енергетика.

Но, и покрај лошите услови во кои беше оставена Попова шапка, според директорот Алији, се прават максимални напори да се стави во функција целиот капацитет на ски-лифтовите во текот на следната недела и во случај на нови снежни врнежи да се отвори туристичката сезона за оваа година. /Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button