ЕКОНОМИЈА

Поповски: Ќе дојде ден кога работна сила ќе увезуваме од Блискиот Исток или Африка!

За дваесеттина години Македонија би можело да се соочи со голема потреба од увоз на работна сила, оценува универзитетскиот професор, Никола Поповски во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“. Како што вели тој, кога генерациите родени, на пример, помеѓу 1975 и 1980 заминат во пензија, ќе се отворат повеќе работни места отколку што би имало работна сила.

„Луѓето коишто се родени помеѓу ’75-тта и ’80-та, ќе одат во пензија 2040-2045-тта. Тие тогаш се по 30.000 во генерација родени. И скоро се сите сега вработени. Кога ќе заминат ќе напуштат 30.000 работни места. Генерациите коишто тогаш ќе треба да ги пополнат се генерациите родени во 2020-тта. Денеска се раѓаат 15.000 – 20.000 годишно. Без иселувањето! Ќе се соочиме со фрапантна потреба од увоз на работна сила. Со оглед дека заостануваме во развојот, кај нас нема да дојде никој од Албанија, Босна, Бугарија, Романија…, тие ќе одат кон поразвиените. Работната сила ќе ни доаѓа од Блискиот Исток или од Африка…тој процес веќе се случува во Европа“, вели Поповски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button