СВЕТ

Трамп одобри вонредна состојба за Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри прогласувањето вонредна состојба за Вашингтон, кое треба да трае до 24 јануари, соопшти денеска Белата куќа.

Advertisements

Ова беше сторено откако службите предупредија на безбедносни закани за време на инаугурацијата на новоизбраниот претседател eо Бајден следната недела, пренесува Ројтерс.

Вонредната состојба ја прогласи градоначалникот на Вашингтон, Муриел Бусер, минатата среда, по упадот на демонстрантите во Конгресот, и затоа што после тоа, започнаа да се појавуваат информации за планираните немири за време на инаугурацијата, пишува американски Политико.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button