
Албанија забрани увоз и транзит на животни од Македонија, како мерка на заштита од болести на животни, позната како син јазик. Одлуката за забрана за увоз и транзит е донесена како резултат на небрежност на Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, при навремено регулирање на релевантната документација во врска со појава или не на какво било заболување кај животните и достава на овој извештај во Меѓународната организација за заштита на здравјето на животните ОИЕ, изјави првиот човек на Здружението за сточарство Меџит Амити.
Тој понатаму додаде дека поради ова доцнење, Македонија ќе има загуба од околу 12 милиони евра, доколку не се отвори границата, со цел да се продолжи со извозот на животни. Но, според Амити, ова не е единствениот проблем на сточарите во земјата. Тие се жалат и на ниската цена на јагнешкото на пазарот, бидејќи сега одгледувањето чини повеќе отколку продажбата.
„Штетата е голема, затоа што ние во моментов како сточари, како што знаете со цените имаме проблем. Тие не се реални. И оваа забрана што сега се направи, и тоа не по вина сточарите, туку на Ветеринарна, затоа што Албанија е во право, гледа на европското правило, но нашите луѓе во оваа област не работат правилно. Одложувањата се во Агенцијата за храна и ветеринарство. „Преку Албанија во Италија и Грција, но особено во Италија што испраќаме, добивавме 12-13 милиони евра годишно, но никој не ја гледа оваа придобивка во економијата“, рече Меџит Амити, претседател на Здружението на сточари.
Иако забраната беше воведена во октомври од Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, вели дека не знаат за таква забрана.
„Во седмиот месец објавивме дека синиот јазик се појави кај мали и големи животни, и врз основа на тоа издадовме известување за забрана на движење или трговија од наша страна, бидејќи не треба некој да ни стави забрана, туку самите ставаме забрана. Албанија не треба да го попречи овој процес затоа што работиме со многу совест затоа што нема болест, но ако постои, ние самите забрануваме трговија и движење. Очекуваме дека за краток временски период Албанија да ја добие нашата одлука и да дозволи проток на животни“, рекоа од АХВ.
Инаку, токму поради таквата небрежност и рапидниот пад на цената на јагнињата, кај нас, од два милиони јагниња што имало пред многу години, оваа бројка се спушти на само 400.000.
Башким Сулејмани