МАКЕДОНИЈА

Поради долг трговскиот центар „Соравија“ оди на аукција

Токму по завршувањето на седумдневната жалост за трагедијата во Кочани, извршителот од Скопје, Андреја Буневски, го стави на продажба Трговскиот центар „Соравија“ во Скопје, кој во последнно време беше во фокусот на политичката дебата и не само тоа. Меѓу сопствениците на центарот се појави Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Advertisements

Аукцијата ќе се одржи на 24 април, а почетната цена на објектот изнесува 22,4 милиони евра. Извршителот нагласува дека објектот се продава поради долг од 930 илјади евра кон Првата бугарска инвестициска банка. Но, ова не е единствениот долг – со бугарската банка постои и договор за хипотека во вредност од 14 милиони евра. Истовремено, оваа година пристигнале и други налози за извршување од други извршители. Долгот на субјектот што ја менаџира Соравија е многу поголем од 930 илјади евра, кои се предмет на извршување.

Моментално, компаниите што го управуваат Трговскиот центар „Соравија Инвест“ и „Соравиа менаџмент“ имаат блокирани банкарски сметки и долг кон Управата за јавни приходи во вредност од околу 2 милиони евра.

За купопродажбата на „Соравија“ Јавното обвинителство спроведува истрага, која повеќе од една година ги анализира документите и побарало правна помош од САД.

Истрагата беше отворена откако во 2023 година беше откриено дека Дрин Ахмети е сопственик на 39% од акциите на Трговскиот центар „Соравија“ во Скопје. Иако вредноста на акциите изнесува неколку милиони евра, Дрин Ахмети пред јавноста објасни дека ги добил без да инвестира ниту еден цент. Неговото објаснување беше дека заедно со својот бизнис-партнер од Албанија, Владимир Пјетер Ѓока, ја купиле „Соравија“ преку кредитна линија заснована на бизнис-идејата во која банката имала доверба.

Во март 2024 година, Ахмети се повлече од управната структура на компанијата „Thor Industries“. Јавното обвинителство соопшти дека тоа не значи запирање на истрагата.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button