Поради економската криза, голем број занаетчии ги затворија дуќаните
Поради економската криза, голем број занаетчии ги затворија дуќаните

Стотина занаетчии и мали дуќанџии во Охрид, но и останати на ниво на држава плаќаат индустриска струја.И додека чекаат Владата да им одговори позитивно на нивното барање, дел од нив веќе ставија катанец на врата, а некои се подготвуваат тоа да го направат. Високите сметки за електрична енергија за овие фирми со по еден или двајца вработени се сериозен проблем.
„Побаравме од Владата, испративме допис да се стави некоја ставка, барем онолку колку што плаќаат домаќинствата, да не сме на индустриска струја. Ние сме занаетчии, не сме индустријалци.Превисока е индустриската тарифа за нас. Првичниот одговор од Владата беше примено е вашето барање, доставено е до таму и таму. Од таму и таму е доставено до таму и таму. И ние сега чекаме да видиме до каде е стигнато нашето барање. Го испративме ние крајот на летот, август-септември месец“, рече Сашо Богоески-претседател на здружение на занаетчии Охрид.
„Во овој момент сметките за струја се превисоки за нас занаетчиите. Пред 24 години кога почнав прв да работам,сметките беа подносливи за нас. Можевме да ги плаќаме. Сега индустриската струја е многу скапа. По некои пресметки на нас ни доаѓа околу 11-12 денари по киловат час. Бевме и ние принудени за околу 25-30% да ги зголемиме нашите услуги за да го поминеме месецот“, изјави Неат Алим-сопственик на фризерски салон.
До пред две и пол години биле регистрирани 280 занаетчии во Охрид, сега тој број е околу 200. Само оваа година, поради енергетската криза
37 занаетчии ги затвориле фирмите. Слична е ситуацијата во Струга, каде од 200 занаетчии пред кризата, сега останале 150./Алсат.мк
Мики Трајковски
Поднеле барање за намалување и на персоналниот данок за 50% за наредната година, со цел намалување на давачките, но и за тоа не добиле одговор.Слична е ситуацијата и во Струга, каде од 200 занаетчии до пред пандемијата со Ковид 19, сега останале околу 150.