СВЕТ
Поради изгубена онлајн игра – скокнал од балконот

Откако изгуби натпревар на Интернет, 31-годишен гејмер од германската провинција Северна Рајна-Вестфалија скокнал од балконот на првиот кат од куќа во Вилебадесен.
Претходно негов роднина дошол да го посети и откако испиле по некој пијалак, како што соопштила полицијата, тие седнале да играат фудбал преку видео-конзола. Откако загубил на играта, почнал да дивее и да се нервира, а роднината се обидел да го смири.
Домаќинот почнал дури и да го удира гостинот, а потоа скокнал од балконот. Загрижен за неговиот живот, роднината брзо истрчал од куќата и го нашол како седи во автомобилот.
Брзата помош, која била повикана, ги санирала повредите, а полицијата се откажала од поднесување кривична пријава против две лица.