ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради Ковид-19, граѓаните се “клукаат“ со антибиотици

Стравот од ковид 19 ги натера граѓаните да инсистираат на тоа лекарите да им даваат медицински рецепти за да купат антибиотици. Податоците на Фондот за здравство покажуваат дека само во текот на првите 17 дена од ноември, купени се 44.550 пакувања Сумамед од 500 милиграми и 15.500 „Панцеф“ од 400 милиграми. За само 17 дена, биле напишани рецепти со антибиотици колку за четири месеци од минатата година.  Микробиологот Никола Пауновски, во емисијата „Огледало на здравјето“ на Алсат, вели дека овие бројки се загрижувачки бидејќи никаде во светот, особено оние заразени без симптоми, не би се лекувале со антибиотици. Според него, до крајот на годината се очекува бројот на препишани рецепти кои вклучуваат антибиотици да достигне на 350 илјади, додека минатата година оваа бројка била 158 илјади.

Тој вели дека ако се дава антибиотик на заразени кои не е се во сериозна состојба, може да влијае  неговото здравје да биде поранливо ако неговата состојба се влоши од други бактерии кои се најраспространети во  институциите за здравствена грижа.

Пановски ги советува пациентите дека во случај нивниот лекар да им препише антибиотик, да прашаат зошто е потребно да го користат и во никој случај да не бидат тие што инсистираат на такви лекови.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button