ВЕСТИСВЕТ

Поради Ковид-19 хоспитализиран претседателот на Украина

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој претходно беше позитивен на вирусот корона, е хоспитализиран во Киев.

Шефот на канцеларијата на претседателот, Андреј Јермак е исто така во болница, изјави советникот на Јермак, Михаил Подолјак за „Украинска правда“.

Тој додаде дека Зеленски и Јермак се во строга изолација во болницата „Теофанија“, но оти имаат стандардна дневна рутина – лекување и работа.

На 9 ноември Зеленски на својата Фејсбук страница објави дека е позитивен на вирусот корона. Украинскиот лидер рече дека се чувствува добро и ветил дека ќе продолжи да работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button