МАКЕДОНИЈА

Поради Ковид-19 откажан неготинскиот панаѓур

Се откажува неготинскиот панаѓур поради пандемијата на Ковид-19, соопшти денеска градоначалникот Тони Делков.

– И годинава како и претходната, согласно мерките и препораките на надлежните институции, но и моменталната ситуација со пандемијата од Ковид-19, Советот на Општина Неготино на последната 52 редовна седница донесе одлука со која се откажува традиционалната манифестација „Неготински панаѓур 2021 “, која секоја година се одржуваше од 21 до 23 септември, нагласи Делков.

Градоначалникот додаде дека се надева оти ситуацијата со пандемијата ќе се стабилизира, па сите заинтересирани гости ќе ги очекуваат наредната година.

Неготинскиот панаѓур кој има повеќедецениска традиција, беше причина за доаѓање на лица од сите делови на државата, со цел да си купат нешто за поевтини цени. Од секаков вид на облека и играчки, до кујнски прибори и разни видови алати, забава за најмладите но и повозрасните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button