Поради лошите услови, многу малку ученици го следеа денешниот наставен процес во училиштето „Панајот Гиновски“ во Бутел
Поради лошите услови, многу малку ученици го следеа денешниот наставен процес во училиштето „Панајот Гиновски“ во Бутел

Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел, и денеска беше бојкотиран наставниот процес од страна на поголемиот дел од учениците, по одлука на нивните родители. Според информации нашите информации, денес во училиштето имало само по два или три ученици во класовите, а наставата заврши порано. Причината за бојкотот е недостатокот на хигиена и услови за наставата, како и присуството на стаорци во и околу училиштето. Од општина Бутел изјавија дека бојкотот е политички мотивиран, додека министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека ја следат ситуацијата и ќе преземат соодветни мерки.
Некои од учениците кои вчера ги анкетиравме за Алсат детално зборуваа за ужасните услови во кои учат, додека медиумите не смееја да снимаат внатре во училиштето.
Здравствено санитарниот инспекторат по поплаки од родители констатирал незадоволителни хигиенски услови.
„Во училниците се забележани нечисти подови, оштетени ѕидови, корпи преполни со отпадоци, лименки и кеси со храна. Во санитарните простории, особено на првиот кат, се забележуваат мокри подови, оштетени ѕидови и врати на тоалетите, скршени стакла, оштетени цевки од кои постојано тече вода, пајажини на таваните“, речеИнспекторат за здравствена и санитарна заштита.
Инспекторатот донел одлука за подобрување на хигиенската состојба во училиштето, во спротивно ќе биде изречена казна за одговорното лице, кое во овој случај е директорот на училиштето./Алсат.мк
Мелихате Рустеми