ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради немање кворум, Обвинителството остана без нови обвинители

Обвинителството за гонење на организиран криминал останува пократко за пет обвинители. Советот на јавните обвинители денеска немаше кворум за го направи изборот. Не дојде републичкиот обвинител Љубомир Јовески кој има право на глас, а не се појавија ниту членовите на Советот Иџет Мемети и Љупчо Ивановски. Нов обид за избор на петте обвинители ќе има идниот четврток. Во меѓувреме, ќе треба да се објави оглас за уште тројца други.

Advertisements

„Ќе треба да распишуваме кон крајот на овој месец или почетокот на идниот месец и за три други на кои им истекува мандатот, а немаме завршено со претходните. Затоа сакам јас да ги завршам што побрзо изборот на овие пет обвинители, за да не дојде до еден вакум на одолговлекување, па во обвинителството да се најдат во никаква состојба“, рече Антонио Јолевски, претседател на Совет на ЈО.

Во меѓувреме, вкупно три обвинителства во земјава останаа без обвинители. Покрај Крива Паланка каде 7 години нема обвинител, тоа сега е случај и со Свети Николе и Делчево. Овие региони ги покриваат други обвинителства. Инаку, летово ќе мора да се пензионираат повеќе од 10 други обвинители низ земјава.

„Ние во моментот имаме 70 обвинители недостатотк според систаматизација. Зборуваме, за редовно, нормално работење…“, додава Јолевски.

И тетовското обвинителство се соочува со проблеми. Наместо десет, криминалот во Тетово го гонат само двајца обвинители. До скоро таму имаше тројца обвинители, но по отворањето на дисциплинската постапка за утврдување одговорност на обвинителката Лејла Кадриу, таа повеќе не оди на работа.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button