ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради немање парно, мал број ученици на настава

Студените радијатори во градинките, основните и средните училишта во општина Чаир и Бутел ги испразнија образовните институции. Во стручното училиште „Цветан Димов“ распоредот на часовите беше нормален, но учениците беа отсутни.

Advertisements

„Сите професори и дел од учениците наутро беа на училиште, но со оглед на тоа дека наутро температурите се ниски, учениците си заминаа или воопшто не дојдоа. Распоредот е нормален, почнавме во 7:30 и 13:30, но забележлив е недостатокот на ученици“, вели Висар Дурак, директор на стручното училиште „Цветан Димов“.

Наставничката Бајмак рече дека честото губење на наставата е штетно за децата.

„Тоа се условите, се обидуваме да се прилагодиме на нив. Тоа секако влијае на успехот на учениците, се губи континуитетот на учење, но се надеваме дека нема да трае повеќе од два или три дена и децата ќе можат да се вратат на училиште. Како наставник и училиште сме подготвени и за онлајн настава, учениците веќе имаат такво искуство. Доколку се донесе таква одлука, можеме да почнеме следниот ден“, рече Зенафер Бајмак, наставничка.

Министерот за образование Јетон Шаќири за Алсат изјави дека секторот за основно и средно образование побарал да се разгледа можноста за надомест на изгубените часови, вклучително и на изгубените часови кога имало лажни аларми за бомби.

„Покрај институциите кои по неколку дена имаат проблем со греењето, тука се и институциите кои имаа проблем од најавите за бомби во образовните институции, најмногу во училиштата во град Скопје. Ќе направиме се да надомести програмата од првото и второто полугодие“, рече Шаќири.

Во текот на ноември ова е втор пат учениците од овие училишта да бидат принудени да пропуштаат настава поради прекинот на парното од топланата „Скопје- Север“.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button