Поради неврермето во прекин неколку патни правци

Обилниот дожд и силните ветришта што преовладуваа во текот на ноќта, предизвикаа лизгање на земјиштето во неколку региони во земјата. Прекин на сообраќајот има на патиштата Куманово-Кратово и Куманово-Крива Паланка, а поради одрони прекини има и на регионалниот пат помеѓу селата Извор и Иванчиште во близина на Кичево. Метеоролозите велат дека во Македонија во моментов не постои ризик од невереме од поголеми рамери како што имаше во некои делови на Европа.
Министерката за животна средина и просторно планирање вели дека од страна на државата се преземаат мерки за спречување на поплави во иднина. Во моментов се обезбедени средства за чистење на речните корита во две општини, кои беа зафатени од поплави претходните години.
Шукова ги повикува граѓаните да внимаваат на речните корита и каналите, да не фрлаат отпад, бидејќи при обилни врнежи тоа ќе предизвика поплави.
Ајнур Бафќари