МАКЕДОНИЈА
Поради обилен снег отежнат сообраќајот на патoт Берово – Пехчево

Поради обилен снег сообраќајот на патниот правец Берово – Пехчево се одвива во отежнати зимски услови. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се вози по снежни коловози, поради што надлежните апелираат на задолжително поседување зимска опрема.