ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради оштетување на каналот за наводнување, земјоделците од Тетово протестираа

Поради оштетување на каналот за наводнување, земјоделците од Тетово протестираа

Засадувањето на над 200 хектари плодно земјиште во Тетово е доведено во прашање, како резултат на оштетување на каналот за наводнување при работи на заштитниот ѕид на реката Пена, во долниот дел на градот. Земјоделците денеска го изразија својот револт

Advertisements

„Има стотина хектари земја што се обработуваат со вода, без да има вода не се обработува. Да ги засади, и после на крај ништо. Народот треба да работи земјоделие, а не градежништво, бидејќи треба да јаде леб, ако јаде ќе работи”,рече Муртезан Каримани, земјоделец.

„Сакаме информации што ќе се прави со каналот што постои со години овде, додека сега со овие работи што се изведуваат овде гледаме дека нема пристап до земјоделските површини, реално нема вода до земјиштата што ги снабдувавме од реката Пена до површините за наводнување„, рече Шабан Каримани, фармер.

„Тие го поставуваат ѕидот за да се запре водата, да се запре земјоделството, да се запре лебот. Зошто министрите и градоначалниците на Косово одат од штала во штала, а тука обратното?

Општина Тетово бара трпение од земјоделците и ветува дека каналот ќе се гради.

„Во моментов се работи на регулирање на коритото на заштитниот ѕид, на тој простор не е предвиден канал за наводнување, а со добра волја на градоначалникот сигурно ќе се изгради каналот за наводнување како што беше. „И од сработеното, јасно е дека откако ќе се санира коритото, ќе се санира и каналот за наводнување“, рече Албион Алили – портпарол на општина Тетово.

Оштетувањето на каналот за наводнување и на коритото ги принуди земјоделците често да протестираат, но до денес нивниот проблем не е решен./Алсат.мк

Башким Сулејман

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button