Поради пандемијата многу други болести доцна се детектираат

Предизвикот да се најде слободен термин во ова интернистичко одделение ги натера сите пациенти што имаат потреба да добијат приоритетни упати. Но, повторно има долги редици поради ограничениот број прегледи. Дури и медицинскиот персонал се брои на прсти. Оваа ситуација предизвикува револт кај пациентите кои бараат да се вратат термините за да не чекаат залудно, кога станува збор за обични прегледи. Според нив, доцното откривање на болестите на нервниот систем им создава проблеми. Без да знаат дека страдаат од некоја болест, доцната дијагноза ја влошува здравствената состојба.
Од персоналот на Клиниката за неврологија велат дека ситуацијата е ваква од почетокот на пандемијата и прекинувањето на услугите од националната здравствена платформата „Мој Термин“.
Но, од Министерството за здравство тврдат дека станувало збор за спорадични случаи и оти на крајот сите пациенти добивале услуга. И оттаму признаваат дека треба да се вратат термините, но сè уште не кажуваат рок кога Клиниката за дерматологија, неврологија и ТБЦ институтот ќе бидат отстранети од системот на Ковид центри за да се фокусираат на своите пациенти.
Аднан Ќаили