МАКЕДОНИЈА

Поради пандемијата, многу граѓани не беа во можност да извршат важни медицински прегледи

Бројни поплаки на граѓани за закажување термини за контрола кај специјалист. За Алсат велат дека чекаат и по 5 – 6 месеци додека во некои Клиники воопшто нема отворен распоред.

„Нема слободни термини. Мојата пријателка чека термин веќе три месеци, таа е на операција за рак на дојка. Нема термин за мамографија три месеци Не е во ред ова со медицината. Има многу чекање, лековите се скапи. Залудно што плаќаме, јас сум пензионер, приватно има лекови за купување, со рецепта не“.

„Чекавме два месеца. Има случаи кога сме чекале термин 5 – 6 месеци. Да не беа приватните клиники немаше да има термин. Во странство не е вака.“

Од Здружението на матични лекари бараат објаснување дали проблемот е во недостаток на персонал, опрема или недостаток на соодветна организација на целиот здравствен систем.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ќе се смени моделот на закажување контроли, со што се очекува да се реши овој проблем.

Филипче најави дека дополнително олеснување за здравствениот систем ќе биде пристигнувањето на одредени медицински апарати низ целата земја, конкретно магнетна резонанца и томографски компјутери, кои се очекува да пристигнат до јануари, донација од Европската Унија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button