СПОРТ

Поради повреда, Џесика Пегула нема да настапи на Ролан Гарос

Американсата тенисерка, Џесика Пегула, ќе го пропушти овогодинешното издание на францускиот Грен-Слем, Ролан Гарос.

Петтиот светски рекет поради повреда не настапи и на престижниот Мастерс во Рим, надевајќи се дека ќе може да се појави на терените во Париз, но сепак, ќе мора дополнително да се рехабилитира.

„За жал, морам да се повлечам од Ролан Гарос. Изминатите неколку недели ме мачеше повредата и затоа решив дека не сакам да ризикувам. Да имав уште седум-осум дена одмор и време за тренинзи, сигурно ќе настапев, но вака ситуацијата е сосема поинаква. Ќе паузирам уште малку, а потоа се враќам за сезоната на тревна подлога“, изјави Пегула.

30-годишната американка досега има освоено четири престижни турнири, а највисок ранкинг имаше во октомври 2022 година, кога беше третопласирана на ВТА листата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button