Поради продолжен викенд, скопските улици и денеска беа празни
Поради продолжен викенд, скопските улици и денеска беа празни

Поради мајските и велигденските празници, најголем дел од граѓаните ги комбинираа работните денови со слободните денови и добија продолжен викенд, а токму поради оваа причина скопските улици и денеска беа празни.
Во скопската чаршија многу странски туристи.
„Луѓето се многу добри, природата е убава, тивко е и животот е бавен не е премногу брз, како животот во Франција.
„Патуваме низ Балканот и навистина ни се допаѓа, ќе бидеме тука два дена… ни се допаѓа културата, луѓето и да дознаеме повеќе за вашата земја и историјата бидејќи има интересни приказни. Јас сум од Шведска, имаме информации за земјата, но секогаш е добро да се знае повеќе“, рече еден странски посетител.
Според МВР, само на 30 април и 1 мај на граничниот премин Богородица од земјава излегле над 7.000 граѓани, а влегле над 2.500 граѓани.
– – На 30.04.2024 година од граничниот премин „Богородица“ излегле 3.367 државјани.
– – На 01.05.2024 година од граничниот премин „Богородица“ излегле 4.463 граѓани.
– – На 30.04.2024 година од граничниот премин Меџитлија излегле 1.161 државјани.
– – На 01.05.2024 година од граничниот премин Меџитлија излегле 1.511 граѓани, велат од МВР.
Поради празникот Велигден, не работен ден и понделеник 6 мај, а нема да се работи и на 8 мај кога се одржуваат претседателските и парламентарните избори./Алсат.мк
Авни Тахири