ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради снегот, блокирани сообраќајници во Струга

Тешко се движат денес стружани низ градот. Големите количини на снег кои во текот на вчерашниот ден наврнаа во струшкиот регион создаваат проблеми. Со исклучок на неколкуте главни сообраќајници, не исчистени или не доволно се исчистени се дел од пешачките зони во градот како и споредните улици, се жалат стружани.

Advertisements

И првиот снег и овој претешко. Ништо не се чисти. Овде е пазариште, а немаат ништо фрлено и ништо не чистат. Вака е при секој снег. Не сме задоволни“…

„Нашиот градоначалник е многу паметен. Тој вика вака. Господ го дава, господ го зема. Господ го зема во мај или април“…

„Не е исчистено. Исчистено е нула. Секогаш било така. Воопшто не е чистено во градот внатре“…

„Јас сум овде десеттина дена, чаршијата беше цела со мраз. Беше ризик човек да помине од тој дел“, реагираат граѓаните.

Но некои сметаат дека градските власти добро се справувале.

Судејќи според искуствата досега можеме да речеме дека градот е релативно чист. Најважни се сообраќајниците кои овозможуваат влез и излез од градот“, оценува еден минувач.

Во меѓувреме пензионерот од Швајцарија Љуљзим Мена, повторно со желба да им помогне на локалните жители, со сопствено возило ги чистеше патишта кои водат до десеттина рурални места во струшко.

Временските прилики го променија и начинот на работа на некои училишта. Во најголемото основно училиште Браќа Миладиновци до 4-ти февруари, часовите ќе бидат скратени за 10 минути.Во планинското село Богојци вчера и денес нема настава, а во училиштето во селото Јабланица и во подрачното во Луково, наставата се изведува он лајн. Од општина Струга велат дека интензивно се чистеле патиштата во Струга. Од ЈП Комунално пак дека нивните работници работеле на расчистување на теренот. Исчистени биле тротоарите на поглавните улици, кејовите и чаршијата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button