ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради снимање филм посебен сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 12.10.2024 (сабота) во периодот од 06.00 до 18.00 часот, поради снимање на филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Advertisements

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button