ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради страв од рестрикции се повеќе граѓани се греат на дрва

Miki Trajkoski

Advertisements

Поради страв од рестрикции на струја зимава,многу граѓани, електричните грејни тела ги заменуваат со греење на дрва. За неколку пати во Охрид е зголемена побарувачката на огревно дрво велат од Национални шуми.  Останати им биле само уште 300 метри просторно огревно дрво. Но велат дека ќе ги надополнуваат количините во зависност од временските услови.

„Во овој момент имаме огромна побарувачка од луѓето кои користат други енергенси за греење во домовите кои користат електрична енергија, пелети, но и тие се поврзани со  струја.Повеќе муштерии кои дошле кажаа дека повеќе од десет години не купиле дрва,сега доаѓаат и велат дај да купиме некој метар дрва за да имаме, да не се случи нешто со енергетската криза во државата.Во овој момент граѓаните не бираат огревно дрво, купуваат тоа што има во стовариштето“.

Во меѓувреме од општина Охрид велат дека се подготвени за спроведување на рестриктивните мерки за штедење електрична енергија ,доколку тоа од нив биде побарано.

„Предвидени се пет степени на реагирање. Прв степен 5 до 10 проценти ако нема енергија, а петиот степен е над 40 проценти. Тие ингеренции се исклучување на реклами, намалување на јавното и уличното осветлување, до рекламите и до безбедно функционирање на градот. Намалување на осветлувањето на излозите како и минимализирање на грејните тела, како и дополнително загревање на деловните простории“.

Заради заштеда на струја, во Струга, ќе се реорганизира работењето на училиштата.

Општина Струга

„Реорганизирање на наставниот распоред заради штедење на електрична енергија и истовремено заштеда на училишниот буџет. Досегашната пракса докажа дека наставата со учениците од прво до петто одделение одржана наутро трае многу пократко од наставата на учениците од шесто до деветто одделение, кои имаат повеќе часови. Со планираната ротација сметаме дека настава на двете смени ќе заврши порано“.

Инаку уште на 10-ти ноември, Владата донесе уредба и прогласи енергетска криза. Се формира и Комисија за кризна состојба во енергетскиот сектор која ќе ја прати состојбата.

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button