ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради ујдурми државата не си вратила 17 милиони евра од Сеад Кочан?

Adrian Kerimi

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе ја истражува судската постапка за случајот со Сеад Кочан, за да констатира евентуални пропусти поради кои пропаднало враќањето на 17 милиони евра во државниот буџет. Алсат дознава дека по денешното излагање на државниот правобранител, обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска била ангажирана да ги истражи можните пропусти во текот на кривичната постапка. Потоа следниот месец би требало да реферира за пропустите и за утврдување одговорност кај странките, односно можна злоупотреба на службената положба. На средбата кај Државниот правобранител денеска присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за управување со конфискуван имот, Фатон Асани, претседателите на Кривичниот и Граѓанскиот суд, претставници на Владата, Министерството за правда, Катастарот и Централниот регистар.

Имено, државата не успеа да си ги врати парите, неофицијално, како резултат на неуспехот на Јавното обвинителство, кое наместо да го замрзне имотот на Кочан, одлучило да го конфискува имотот. Но, од 17 милиони евра, 15 милиони биле ставени под хипотека. Во текот на постапката, јавниот обвинител не прифатил да се прошири конфискацијата на имотот кој не бил ставен под хипотека, ниту пак побарал укинување на хипотеката во фазата предвидена со закон.

Агенцијата за управување со одземен имот ја презела продажбата на имотот и наплата на буџетската штета, но не успеала во тоа поради хипотеки во банките. Иако државниот правобранител побарал хипотеките да се тргнат со кривична постапка, Врховниот суд препорачал тоа да се направи преку Граѓанскиот суд. Во меѓувреме, Граѓанскиот суд во првостепеното и во второстепеното решение констатирал дека постапката за укинување на хипотеките морала да се одвива во текот на кривичната постапка и оти во оваа фаза не е дозволена. Тоа довело до ситуација штетата предизвикана од Кочан од 17 милиони евра да не може да се врати во државниот буџет.

На 20 јули 2018 година, Сеад Кочан беше прогласен за виновен во случајот на поранешнoтo СЈО, именуван како „Труст“. Доби 6 години затвор. На 11 март 2019 година Апелациониот суд му ја намали казната на 4 години и 8 месеци.

Сеад Кочан беше и едно од 48-те имиња предложени од Министерството за правда за групно помилување минатата недела, но листата, по објавувањето на Алсат и реакциите во јавноста, беше сосема повлечена, а потоа Правда одлучи и воопшто да нема групно новогодишно помилување за 2021-ва година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button