ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Поради Украина, Македонија да го зголеми земјоделското производство“

Нè очекува тешка година со скапи енергенси и зголемени цени на основните прехранбени производи. Воениот конфликт на истокот на Европа ќе предизвика голема штета на глобалната економија, вели во Економски магазин универзитетскиот професор Зоран Ивановски. Тој потенцира дека негативните ефекти ќе се пренесат и во Македонија. Колкав удар ќе добие нашата економија зависи и од контра-санкциите кои евентуално ќе ѝ ги наметне Русија на Македонија како противодговор.

Advertisements

„Санкциите нема да ја погодат само Русија. Ќе бидат погодени и сите оние кои ги наметнуваат. Тоа значи дека сите ќе ги трпат последиците од прекинатите деловни односи со Русија“, рече Зоран Ивановски универзитетски професор.

Можниот прекин на бизнис-договорите со Русија значи дека треба да се обезбедат и нови пазари за нашите компании кои извезуваа стока во оваа држава. Инаку, бизнисот засега е резервиран за да прогнозира колку во периодот што следи ќе пораснат цените на храната. Но, оваа криза според претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, кој исто така беше дел од дебатата вели, доколку паметно постапиме како држава можеме и да постигнеме позитивни резултати. Според Ангеловски, треба да го зголемиме земјоделското производство на она што ни е најпотребно.

„Се декларираме како земјоделска земја, нека биде еден вид на стимул. Надлежните институции нека се фокусираат да се искористи оваа криза за да се развие еден дел од нашето земјоделство. Со години имаме проблем со цените, имаме проблем со вишоци, кои не можеме адекватно да ги пласираме“, вели Ангеловски.

Инаку, Русија на светско ниво учествува во снабдувањето со нафта со 10 отсто од државите, 40 отсто во производството на природен гас е на Русија и 30 отсто од житариците.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button