СПОРТ

Поради врнежи од снег, одложена трката во Вал Ди Фаса

Трката од Светскиот Kуп во супер-џи за жени, кој требаше да се одржи во Вал ди Фаса, е одложена поради врнежи од снег. Обилните врнежи ги спречија организаторите да ја подготват патеката за натпреварот.

На оваа трка, требаше да настапи и босанската скијачка Елведина Музаферија која во последните недели е во одлична форма.

Таа блесна минатиот викенд кога го освои четвртото место во Кран Монтана. Трката ќе биде одржана во недела, доколку нема нови проблеми со временските услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button