ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради зголемениот број на случаи со ковид 19 во Собранието, извршен скрининг на вработените во законодавната институција

Се тестираа за ковид 19 претседателот на Собранието, секретарот и дел од администрацијата во законодавниот дом. Извори од Институтот за јавно здравје информираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери и генералниот секретар Цветанка Иванова се негативни. За другите, резултатите се чекаат. Во парламентарниот состав моментално има тројца заразени пратеници, Моника Зајкова од ЛДП и двајца пратеници на СДСМ, Миле Талески и Славјанка Петкровска. Ова исто така влијаеше на работата на Собранието, особено кога тројца други пратеници се во странство, некој за лични, а некој поради здравствени прашања.

Advertisements

Со шест пратеници помалку, парламентарното мнозинство веќе од самиот почеток се соочува со недостаток на кворум и има пречки во работењето. Прашањето за онлајн работа на Собранието беше покренато неколку пати, но опозицијата не се согласи на таков предлог, повикувајќи се на Деловникот за работа на Собранието во кој се вели дека пленарните седници се јавни и се одржуваат во пленарната сала.

Во координација, се покрена прашањето дека пратениците кои се во изолација можат да се произнесат електронски, но досега тоа не е сторено. На почетокот на работата на Собранието, пратениците кои беа во изолација гласаа во одделни кабини и се одделија од останатите пратеници.

Заради протоколите против Ковид, Собранието не одржува седници во пленарната сала. Седниците се одржуваат во големата сала во која се прилагодени условите, додека во комисиите е ограничено само учеството на членовите на телата, со цел да се избегнат контакти и собири кои ја загрозуваат општата здравствена состојба. Ограничено е присуството и на медиумите, односно присуството на седниците на комисиите и на пленарните сесии поради недостаток на соодветни услови во просториите на Собранието.

Aдриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button